Дневен ред за 35-та Седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во понеделник, 28.12.2015 година, со почеток во 14,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 35-та седница, на чиј дневен ред меѓу другото е и Предлог Буџетот на општина Василево за 2016 година.

Ова е дневниот ред кој е предложен за работа на оваа седница:
1. Предлог – решение за разрешување на член на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
2. Предлог – решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
3. Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ за 2016 година донесена од Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево.
4. Давање согласност на Ценовникот за вршење на работите со општина Василево донесен од Управниот одбор на ЈПКД„Турија“, Василево.
5. Давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на ЈПКД „Турија“, Василево донесен од Управниот одбор на ЈПКД„Турија“ Василево.
6. Давање согласност на финансискиот план на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за 2016 година донесен од Управниот одбор на ЈОУГД „Прва радост“, Василево.
7. Давање согласност на финансискиот план на на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за 2016 година донесен од Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
8. Давање согласност на финансискиот план на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2016 година донесен од Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
9. Предлог-Буџет на општина Василево за 2016 година.
10. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2016 година.
11. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2016 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail