Општина Василево го донесе Буџетот за 2016 година

DSC_0262

„Буџетот на општина Василево за 2016 година изнесува околу 229 000 000 денари и е за околу 27 000 000 денари поголем во однос на Буџетот од претходната 2015 година, што покажува дека во 2016 година имаме планирано поголем број проекти и тоа проекти кои се од витално значење за граѓаните од сите населени места. Се надевам дека се она што е изгласано во Програмите и е вметнато во Буџетот ние како локална самоуправа ќе можеме сите тие проекти да ги имплементираме и на крајот од 2016 година, бенефитот од нивната реализација да го видат сите граѓани на општина Василево, нагласи градоначалникот на општина Василево во врска со Буџетот за 2016 година.
Советниците од опозицијата не го поддржаа Буџетот со образложение дека не е реален и како и Буџетите во претходните години кои имаат мала реализација и овој Буџет е таков.
На дневен ред на оваа седница беа и Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2016 година и Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2016 година, кои исто така беа донесени со мнозинство од 10 гласови.
Со истото мнозинство беа усвоени и останатите предлози и тоа: Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ за 2016 година донесена од Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево, Ценовникот за вршење на работите со општина Василево донесен од Управниот одбор на ЈПКД„Турија“, Василево, Правилникот за внатрешна организација на ЈПКД „Турија“, Василево донесен од Управниот одбор на ЈПКД„Турија“ Василево, Финансискиот план на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за 2016 година донесен од Управниот одбор на ЈОУГД „Прва радост“, Василево, Финансискиот план на на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за 2016 година донесен од Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала и Финансискиот план на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2016 година донесен од Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
На оваа седница од член на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево
разрешен е Коце Ѓоргиев кој на истата седница е именуван за член на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево и тоа на местото на Славе Димитриев кој на истата оваа седница беше разрешен.

DSC_0276

DSC_0258

DSC_0254

DSC_0249

DSC_0246

DSC_0245

DSC_0236

DSC_0235

DSC_0234

DSC_0227

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail