Заврши Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2015/2016

DSC_0224

Екипата на „Дoне Банско“ е победник на Новогодишно – Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2015/2016, организиран од Советот на млади на општина Василево а под покровителство на локалната самопуправа. Во големото финале екипата од Банско ја совлада екипата на Руски Комерц од Дабиле со резултат од 3:1. Третото место и припадна на екипата Чипа Лозана која со резултат од 3:1 ја совлада екипата на Плеј Ин од Радовиш.
Во кадетска конкуренција најдобра беше екипата на Јован Петрол која по резултатот 1:1 во регуларниот дел, на пенали со резултат 8:7 успеа да ја совлада екипата Робово од Робово. На третото место се пласираа Ком Биг кои беа поуспешни и со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Зајо од Иловица.
Вкупниот награден фонд на овогодишниот, шести по ред, Новогодишно-Божиќен турнир беше 200 000 денари. Учествуваа вкупно 37 екипи од кои 22 во сениорска конкуренција и 15 во конкуренција на кадетите.
Освен наградите за освоените први места екипно, наградени беа и најдобрите поединци и тоа кај сениорите: нaјдoбaр игрaч Ненaд Петкoвски, нaјдoбaр стрелец Трaјче Јaнев и нaјдoбaр гoлмaн Ристе Митев. Најдобри кај кадетите беа: нaјдoбaр игрaч – Христијaн Делoвски, нaјдoбaр стрелец – Минур Асaнoв и нaјдoбaр гoлмaн – Трaјкoв Никoлa.

DSC_0097-800x445

DSC_0076-1-800x445

DSC_0083-800x445

DSC_0090-800x445

DSC_0104-800x445

DSC_0111-800x445

DSC_0119-800x445

DSC_0127-800x445

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail