Василево – домаќин на државното првенство во одбојка за основци

DSC_0268-1-800x445

Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Василево, ќе биде домаќин на државното првенство во одбојка за основци, кое ќе се одржи од 03–ти до 05 –ти март оваа година.
„Со оглед на тоа што минатата година бевме меѓу најдобрите во одбојка, во машка конкуренција на државно ниво, оваа година ни припадна честа да бидеме организатори на државното првенство на основните училишта во одбојака за машки“ изјави директорката на ООУ „Гоце Делчев“ г-ѓа Емилија Котева, најавувајќи го овој спортски настан. Освен екипата на домаќинот, учество ќе земат по една екипа од Битола, Крушево и Велес и две екипи од Скопје. Вкупниот број на деца учесници е околу шеесет и тие ќе бидат сместени во домовите на учениците од училиштето домаќин.
Директорката Котева упати благодарност до општина Василево и градоначалникот г-дин Ванчо Стојанов за поддршката што ја имаат околу организацијата и воедно ги покани жителите на општина Василево да го проследат ова државно првенство и со својата поддршка да придонесат за успешен пласман на домашната екипа.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.DSC_0264-800x445

DSC_0258-800x445

DSC_0259-800x445

DSC_0269-800x445

DSC_0271-800x445

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail