Наградени ученици-спортисти на прием кај градоначалникот

DSC_0863

Ученици-спортисти од ООУ „Гоце Делчев“ кои учествувале и освоиле награди на државните спортски игри и натпревари, денес беа примени од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Наградените одбојкари и атлетичари заедно со нивната наставничка Алма Хасанова во кабинетот, со градоначалникот ги споделија своите искуства од натпреварите, своите идни планови и желби. Задоволни од постигнатите резултати, 3-то место на државното првенство во одбојка за машки  и 3-то место во атлетика – штафета 4х100 метри, машка конкуренција,  ветуваат дека во наредната година ќе постигнат уште подобри резултати.

Од постигнатите резултати задоволен е и градоначалникот на општината, г-дин  Ванчо Стојанов од кој учениците добиваат континуирана поддршка во сите нивни активности и проекти.

„Овие ученици допринеле за промоција не само на училиштето „Гоце Делчев“ туку и за промоција на  општина Василево. Општината во изминатиот период вложуваше во развој на спортската инфраструктура за да може младите генерации да го популаризираат спортот и активно да се бават со спорт. Постигнатите резултати на овие ученици зборуваат дека имаме добри спортисти и дека досегашните вложувања ја постигнаа целта“ изјави градоначалникот при денешната средба со учениците.

Директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, која исто така присуствуваше на денешниот прием, во знак на благодарност за постигнатите резултати со кои овие ученици го афирмираат училиштето им додели благодарници.

DSC_0827

DSC_0829

DSC_0830

DSC_0832

DSC_0850

DSC_0825

DSC_0854

DSC_0864

DSC_0868

DSC_0860

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail