Спасовденскиот турнир влегува во завршница

pehari

Турнирот во мал фудбал Спасовден 2016 година, што по повод Христијанскиот празник Спасовден се одржува во с. Ангелци е во својата завршница. Денес и утре, на повеќенаменското игралиште во с. Ангелци ќе се одиграат полуфиналните и финалните натпревари. Четирите најдобри екипи кои останаа да се бораат за титулата најдобри се: Ван Ком Бориево, Доне Банско, Владе Банско  и Златно зрно.

Вечерва  со почеток во 21,00 часот, во полуфиналето,  силите ќе ги одмерат Ван Ком Бориево и Доне Банско, а во 22,00 часот екипите на Владе Банско и Златно зрно. Победниците од овие два натпревари ќе ја дадат двојката која во финалето ќе се бори за првото место, а нивните поразени ривали ќе ги одмерат силите за третото место. Финалните натпревари ќе се одиграат утре (вторник), 07.06.2016 година со почеток 21,00 и 22,00 часот.

Турнирот во мал фудбал Спасовден се одржува втора година по ред а организатор е општина Василево.

13241169_274525429602208_9120356765052203882_n

13310454_276280909426660_2763340002203647509_n

13310559_276278712760213_626305242848676476_n

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail