Обезбедени средства за изградба на уште една улица

naslov

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставник од Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделието и руралниот развој потпишаа документ со кој АФПРЗЗ на општина Василево и одобрува средства во висина од 1 000 000 денари за изградба – продолжување на улицата од црквата до големото фудбалско игралиштето во населеното место Василево.

Средствата се одобрени врз основа на барањето поднесено од општина Василево по распишаниот јавен повик од АФПЗРР за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Бенефит од изградбата на овој дел од улицата ќе имаат не само жителите кои живеат во овој дел од селото туку и останатите граѓани на ова населено место бидејќи најголемиот дел од земјоделските обработливи површини се наоѓа токму во овој дел. Изградбата на оваа улица посебно значење има и за  фудбалскиот стадион, односно за спортистите и љубителите на спортот бидејќи асфалтирањето на улицата ќе значи современ пристап до големото фудбалско игралиште „Цар Самоил“ во Василево.

Должината на улицата односно делот кој ќе се асфалтира изнесува 372 метри, а вкупниот планиран буџет е околу 2 200 000 денари што значи дел од средствата, во висина од околу 1 200 000 денари, општина Василево ги обезбеди од сопствениот Буџет.

Распишување на тендер и избор на фирма изведувач на градежните активности е следниот чекор, што согласно законската регулатива ќе го преземе општина Василево заради продолжувње односно завршување на целокупната постапка за асфалтирање на улицата, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во врска со активностите кои ќе следуваат во наредниот период а се во функција на асфалтирање на оваа улица.

1

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail