Советниците ги донесоа Програмите за наредната 2017 година

dscn0497

На вчерашната редовна 46-та седница, Советот на општина Василево ги донесе Програмите за работа на општина Василево за нареднате 2017 година.  Едногласно беа усвоени сите 16 предлог-програми   кои  ќе треба да се реализираат во текот на 2017 година. Дискусиите воглавно беа во врска со предлог – програмите за изградба и реконструкција на водоводната мрежа,  за изградба, реконструкцијација, одржување и заштита на локалните патишта и улици и предлог-програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево.  По прашањата од советниците образложенија даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Советниците беа едногласни и при усвојувањето Предлог-одлуката за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на теритријата на општина Василево и при усвојувањето на предлозите од УО на ЈПКД „Туриоја“ Василево односно давањето согласност на новиот Правилник за внатрешна организација и новиот Правилник за систематизација на работни места на ЈПКД „Турија“ Василево донесени од  од Управниот одбор на претпријатието.

На оваа седница беа усвоени и кварталните извештаи за извршување на Буџетот за 2016 (К-1), за доспеани а неизмирени обврски (К-2), и за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К-3), сите за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година. За овие три предлози, советниците од советничката група на СДСМ и НСДП гласаа воздржано. Составен дел на овој дневен ред беше и предлог-одлуката за утврдување места на кои е дозволено да се лепат изборни плакати за изборите во 2016 година како и предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево и нивно давање во  сопственост на ФК „Василево“ од Василево. За овие два предлози сите советници гласаа „за“.

dscn0479

dscn0481

dscn0482

dscn0483

dscn0492

dscn0493

dscn0494

dscn0499

dscn0500

dscn0503

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail