Патиштата во О.Василево приоритет и во наредната 2017 година

dsc_0407

„Изградбата на улици и патишта во општина Василево останува приоритет и во наредната 2017 година. Добрата патна инфраструктура е крвотокот  на општината, онаа прва и основна потреба која овозможува нормално функционирање и непречено поврзување на жителите во населените места“ – е ставот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов како прв човек на општината и предлагач на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улица за 2017 година. Според Стојанов наредната година акцент ќе биде ставен на локалната патна инфраструктура каде општината планира да инвестира  13 000 000 денари. Ќе биде реконструиран локалниот пат Мал одмор –с.Сушево во должина од 2 000 метри и локалниот пат Мал одмор – Старо Владевци, исто така во должина од 2 000 метри. Планирана е и изградба на 1 000 метри од локалниот пат Нова Маала – Чанаклија., чија  вкупна должина изнесува 3,9 км. од кои општината има асфалтирано 1,1 км. и изградено еден мост.

dscn0503

И годинава нема да изостане асфалтирање на улици во населените места, за што во Програмата се планирани средства во износ од 10 000 000 денари. Планирано е да бидат асфалтирани по една улица од 200 метри во населените места Ангелци, Едрениково, Висока Мала, Радичево и Василево и една улица од 250 метри во населеното место Пиперево.

Во текот на 2017 година општината ќе ја финализира изградбата и на улиците започнати оваа година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail