Општина Василево – дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“

DSC_0232

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и г-дин Игор Карадајевиќ од Друштвото за уметничка продукција Еуропијан Капитал Адвајзорс менаџмент ДООЕЛ, Скоје, потпишаа договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски при реализација на активностите за манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ – манифестација во која учество ќе земат и деца од општина Василево.

Целта на манифестацијата е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти во Македонија, промоција на интеркултурноста, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права , различностите, соработката и доживотното учење. Манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ е осмислена во согласност со Европската повелба за учество на младите во животот на општинско и регионално ниво, како и со белата книга на ЕУ за младите.

Општина Василево е една од дваесетте општини од Македонија кои годинава ќе учествуваат во оваа манифестација. Преку песна и модерен танц, децата кои ќе ја претставуваат својата општина ќе се претстават и на јазикот на државата која ќе им биде доделена од страна на организацијата „Македонија во ритамот на Европа“.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер и во наредните месеци  согласно денес потпишаниот договор, ќе се изврши аудиција и избор на 20 најталентирани деца кои ќе учествуваат во обуката и завршната манифестација која ќе оди со директен телевизиски пренос.

DSC_0225 DSC_0229 DSC_0232

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail