Одржана 50-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0149

На денес одржаната 50-та редовна Седница на Советот на општина Василево усвоени беа сите осум предлози од дневниот ред.

Предлог-одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP), која беше донесена во претходната година, но поради одржувањето на парлементарните избори не беше склучен договорот за задолжување, денес беше повторно ставена на дневен ред и донесена. Согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Одлуката за долгорочно задолжување на општината донесена од Советот важи само доколку договорот за задолжување се склучи во фискалната година во која таа е донесена. Советниците од СДСМ и НСДП како и претходниот пат, не дадоа поддршка за овој предлог,  а воздржано гласаа и за К-1, К-2 и К-3 односно Кварталниот извештај за извршување на Буџетот за 2016 година, Кварталниот извештај за доспеани а неизмирени обврски и Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево сите за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година.

За надворешен член во Комисијата за давање на мислење на нацрт планови на општина Василево советниците го именуваа Иван Делев – дипломиран инженер архитект од Струмица.

Советниците ги разгледаа и усвоија и Извештајот за активностите на Здружението – пингпонгарскиот клуб Астрион спорт плус за 2016 година и нивната Програма за работа за 2017 година.

По барање од Апостолскиот егзархат во Македонија – парохија „Успение на пресвета Богородица“, с. Нова Маала, Советот на општина Василево одобри  финансиски средства во износ од 20 000 денари за решавање на проблемот што оваа парохија го има со греењето.

DSC_0146

DSC_0151

DSC_0154

DSC_0158

DSC_0162

DSC_0167

DSC_0175

DSC_0176

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail