Фудбалерите на ФК „Василево“ ќе гостуваат во Берн

3

На 25-ти март, 2017 година сениорската екипа на ФК „Василево“ ќе гостува во Берн Швајцарија, каде ќе одигра пријателски натпревар со ФК „Македонија“ од Берн. Поканата за овој пријателски натпревар доаѓа од  раководството на како што стои во Поканата „единствената македонска фудбалска екипа во Кантон Берн“.

Пријателскиот натпревар ќе се одигра во сабота на 25-ти март со почеток во 16,00 часот на фудбалското игралиште Bodenweid Bumpliz во Берн. Овој натпревар за домаќинот има карактер на тест натпревар пред почетокот на активното фудбалско првенство.

Од раководството на ФК „Василево“ информираат дека со задоволство ја прифатиле поканата за гостувањето и дека  тоа за нив е одлична можност  да ги покажат своите фудбалски мајстории надвор од државата, а воедно и да се дружат  со своите колеги – фудбалери  и сонародници.

ФК Василево се натпреварува во Третата  фудбалска лига – Исток.

1

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail