СООПШТЕНИЕ

DSC_0230

Општина Василево информира дека регионалниот пат А4 – Вељуса во делот на с. Ангелци,  во среда, четврток и петок, односно 05, 06 и 07 април 2017 година,   во периодот од 10 до 16 часот, поради изведба на градежни активности (асфалтирање) ќе биде затворен за сообраќај.

Се информираат граѓаните во наведениот период како алтернатива да го користат  патот  преку Вељуса.

Градежната механизација на „Македонија пат“ е на терен во с. Ангелци каде во во текот на денешниот ден се изведуваат подготвителни активности за престојното асфалтирање. Асфалтиран ќе биде пат во должина од  еден километар, односно делот од овој регионален пат кој минува низ село Ангелци.

DSC_0222

DSC_0227

DSC_0228

DSC_0237

DSC_0239

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail