Општина Василево вклучена во проект на Институтот за истражување – Импакт

DSC_0215

Претставници од Институтот за истражување – Импакт,  денес,  во општина Василево, во рамки на проект за спроведување на процесот на надворешни консултации при донесувањето на одлуки од важност за граѓаните формираа фокус група  заради истражување и анализирање на процесите и начините на надворешни консултации на единиците на локална самоуправа. Фокус групата составена од градоначалникот на општината, членови на општинскиот Советот и вработени во админастрацијата ги споделија своите искуства од соработката и консултациите што ги имаат со граѓаните, со бизнис заедницата, со невладиниот сектор и со сите останати фактори од заедницата  при носењето на одлуките и креирањето на локаните политики. Посебен акцент беше ставен на позитивните искуства и на воочените проблеми при што беа дадени и препораки и сугестии за надминување на истите.

Како што информираа претсавничките од Институтот за истражување – Инпакт, Верче Миткова и Елена Ставревска во овој проект опфатени се сите десет општини од Југоисточниот плански регион, а крајниот продукт во вид на студија на политики односно насоки и препораки за подобрување на процесот на надворешни консултации односно вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуките, ќе биде презентиран на заедничка конференција за десетте општини која ќе се организира во првите месеци од наредната година.

Овој проект, чија цел е да се утврди како најефикасно да се спроведе процесот на надворешна консултаја при донесување на одлуки од важност за граѓаните, Институтот за истражување – Импакт го спроведува во соработка со Европскиот институт за политики а во контекст на регионалниот прооект WeBER  за мониторинг на реформите во јавната администрација на Западен Балкан.

DSC_0213

DSC_0216

DSC_0217

DSC_0212

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail