Општина Василево гради атмосферска канализација во Градошорци

29242472_201781460417895_1164238327_o

Општина Василево започна со изградба на атмосферска канализација над с. Градошорци со која ќе се спречи поплавувањето на ова населено место. За решавањето на овој, како што рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, „децениски проблем“ , ангажирано е јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ од Василево, а средствата се обезбедени од општинскиот Буџет.
„Години наназад при секоја појава на посериозни врнежи се поплавуваат големи површини на земјоделски површини и она што е уште посериозно се поплавуваат куќите, домовите на граѓаните во еден дел од населеното место. Досегашните интервенции кои главно се сведувале на копање на каналот за време на дождовите или после нив, откога веќе штетата е направена, се само обиди за санирање на последиците. Сериозните проблеми бараат сериозни решенија. А ова е токму такво: сериозно и долгорочно. Атмосферската канализација каква што сега ја градиме ќе значи спречување на последиците, заштита на земјоделските површини и домовите од поплави настанати од врнежи“, рече градоначалникот Јанев во изјава за медиумите.
Атмосферската канализација чија изградба е во тек и која на долг рок ќе го реши проблемот со поплавувањето на земјоделските површини и домовите во Градошорци е на потегот покрај објектите на АД „Струмичко поле“, Василево. Прифатените води ќе се влеваат во постојниот отворен канал кој поминува под магистракниот пат А4 и преку него во р. Струмица. Должината изнесува околу 200 метри, а средствата за негова изградба во висина од околу 1 200 000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

29391754_201781473751227_1480973442_o

28944366_201781437084564_1397586693_o

atmosferska kanalizacija, Gradosorci

DSC_0341 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail