Крводарителска акција во Василево

DSC_0453 (Medium)

Во среда, 11.04.2018 година,  во периодот од 09,00 до 14,00 часот во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Струмица, Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево ќе се одржи крводарителска акција.

Акцијата ќе се спроведе во просториите на општинската зграда во Василево. Организаторите ги покануваат граѓаните на општина Василево да се вклучат во акцијата и да ја покажат својата хуманост на дело.

DSC_0453 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail