Дневен ред за деветата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Деветата седница на Советот на општина Василево ќе се одржи на 30.04.2018 година (понеделник), со почеток во 12,00 часот. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2018 година за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 (К-2).
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година (К-3).
  4. Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесено од Малинов Костаке од с. Нивичино.
  5. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Здружение пинг-понгарски клуб за лица со инвалидитет „Астраион спорт плус“, Струмица.
  6. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковен одбор за црква Св. Спас од с. Дукатино.
  7. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Здружение на земјоделски производители „Агросојуз“, Василево.
  8. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ловечко друштво „Фазан“, Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail