Известување за второ авионско прскање против комарци

prskanje

Ги известуваме граѓаните на населените места на општина Василево дека второто авионско прскање против комарци планирано е да се изврши во недела на 29.07. 2018 година во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот.

Доколку временските услови се неповолни,  прскањето ќе се изврши наредниот ден, односно во понеделникот на 30.07.2018 година во истиот временски период.

Ги известуваме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail