Општина Василево гради нов крак од фекалната канализација во Пиперево

6

Деновиве, општина Василево работи на проширување на мрежата на фекалната канализација во населеното место  Пиперево.  Новиот канализационен крак ќе биде во должина од околу 380 метри со што ќе се створат услови за приклучок на околу  педесетина домаќинства, кои гравитираат кон овој крак, а  кои досега немаа можност  да користат вакви услуги.  Вкупниот буџет за оваа активност изнесува околу  350 000 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствениот Буџет. Работите на терен ги изведува Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево.

„По комплетното завршување сите активности  околу изградбата на овој крак од фекалната канализација, општината ќе започне со асфалтирање на  улицата, со што  ќе добиеме, целосно инфраструктурно уредување на овој дел  притоа обезбедувајќи им на  граѓаните квалитетно сообраќајно решение  и  здрава животна средина“, изјави градоначалкникот на општина Василево по неговата посета на терен, каде се информираше за текот на активностите.

„За изведба на работите на терен, како и досега за слични активности, го ангажиравме ЈПКД „Турија“ од Василево, кое има капацитет за вакви активности.  На тој начин  уште еднаш на дело го покажуваме нашиот домаќински однос во извршувањето на јавните работи, потенцира градоначалникот Јанев.

Во изминатите десетина месеци,  под раководство на градоначалникот Марјан Јанев, општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“  реализираше неколку проекти во делот на канализационата инфраструктура. Изградена е атмосферска канализација во одредени,  најкритични  делови во населените места : Градошорци, Владевци, Нова Маала, Висока Маала и Турското маало во с. Василево. Вакви и слични активности кои значат подобри услови за живот на сите жителите и понатаму остануваат на агендата на општина Василево, изјави градоначалникот  Јанев.

3

4

6

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail