Со средства од АФПЗРР до подобра патна инфраструктура

naslov

Советот на општина Василево на својата последна 12-та седница, едногласно ги поддржа  приоритетните проекти со кои општината ќе аплицира за средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Станува збор за три проекти од областа на патната инфраструктура и тоа: Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владевци – Сушево, Изградба на дел од локален пат Чанаклија  – Нова Маала и Реконструкција и ревитализација на улица во Василево од пошта до црква.

„Предлог-одлуките се однесуваат за три проекти кои имаме можност да ги аплицираме во мерките 321, 322 и 323 на Јавниот повик објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за 2018 година.

Во мерката 321 која се однесува на инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување на две или повеќе населени места во должина до 5 км.  ќе го аплицираме проектот  Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1880 метри, ширина од 4 метри и банкини од двете страни на улицата. Вкупната вредност на овој проект изнесува 15 600 000 денари со вклучен ДДВ.

Во мерката 322 која се однесува на инвестиции за изградба или реконструкции на улици во населените места ќе го аплицираме проектот Реконструкција и ревитализација на улица во Василево од пошта до црква.  Улицата е во должина од 216 метри, со атмосферска канализациона мрежа, пешачки патеки од двете страни на улицата и ново улично осветлување со канделабри. Вредноста е 5 000 000 денари со вклучен ДДВ.

Во меркара 323 која се однесува на инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување на населени места ќе го аплицираме патот Чанаклија  – Нова Маала во должина од 1100  метри. Вредноста на овој проект е  10 000 000 денари“, рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во образложението дадено на Седницата.

Јанев исто така информираше, дека општина Василево, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион,  во АФПЗРР  ќе аплицира со уште еден проект. „Успеавме да се избориме, преку Југоисточниот плански регион да аплицираме за изградба на дел од локален пат Добрашинци – Брана Турија во должина од 1000 метри,  со вредност од 12 000 000 денари“, информираше Јанев изразувајќи надеж дека Агенцијата ќе даде согласност за сите проекти со чија реализација ќе се олесни пристапот на граѓаните до населените места и нивните домови и ќе се подобрат условите за живеење во општината.

DSC_0393_1024x681

DSC_0384_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail