Објавен тендерот за изградба на канализација во с. Едрениково

Edrenikovo kanalizacija

На веб страницата на УНДП  (Програмата за развој на обединетите нации) објавен е тендер за Изградба  на канализациона мрежа во населеното место Едрениково, општина Василево.

Јавното отварање ќе биде на 28 –ми ноември 2018 година во 10 часот во просториите на УНДП, Скопје.

Предтендерската средба со понудувачите е закажана за 19 –ти ноември 2018 година во 10,00 часот во просториите на УНДП  во Скопје.

Целокупната тендерска документација со сите информации и податоции за набавката, заинтересираните понудувачи можат да ја најдат на следниот линк:

http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=51497

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail