Општина Василево ги донираше средствата собрани на Манифестацијата Ден на празот

DSC_0225_1280x851

 Средствата собрани на Манифестацијата Ден на празот, општина Василево ги донираше за малата Нина Димитриевска од Струмица.

„Манифестацијата Ден на празот што во неделата на 04 ноември се одржа во населеното место Градошорци, оваа година, за прв пат доби хуманитарна димензија.  На граѓаните им понудивме можност заедно со дегустацијата на специјалитетите од праз да донираат средства и на тој начин да  се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на некој на кој во моментот му е неопходна помош.

Како организатори на активноста, одлучивме средствата да ги донираме за лекување на седумгодишната Нина Димитриевска  од Струмица.

Им се заблагодаруваме на сите граѓани кои се вклучија во хуманитарната акција и донираа, а на малата Нина и посакуваме успешно оздравување“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев , чија што всушност и беше идејата  манифестацијата  „Ден на празот“ да добие хуманитарна димензија .

Вкупно беа собрани 18 383 денари и истите денес беа  донирани.

DSC_0218_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail