Советот на општина Василево ја одржа 15-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 15-та седница на чиј дневен ред беа вкупно деветнаесет предлози меѓу  кои и дел од Програмите за работа на општината за наредната 2019 година. Програмата  за работа на овластениот  градежен инспектор, Програмата за социјална заштита во општина Василево, Програма за заедничка потрошувачка и  Програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018/2019 година во зимски услови, беа разгледани и усвоени на денешната Седница. Предлогот даден од страна на советникот  Марјанчо Трајков  за зголемување на износот  што граѓаните и правните лица го плаќаат за заедничка потрошувачка  од 240 денари  на 300 за физичките и 500 денари  за правните лица не беше прифатен.  Висината на оваа јавна давачка и за наредната 2019 година останува иста како и досега  и ќе изнесува 240 денари на годишно ниво.

Советниците усвоија и две Предлог-одлуките за утврдување на потребата од  донесување на урбанистичко-планска документација  за вклопување на бесправно изградени објекти и тоа: деловен објект на КП бр. 1668 во КО Василево вон гр. и деловен објект на КП бр. 2467 во КО Сушево.

По образложението дадено од претставникот од Регионалниот центар за управување со кризи, Советниците ја прифатија Предлог-одлуката  за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево од сите ризици и опасности за 2019 година.

Општинскиот Буџет беше проширен за околу 4,5 милиони денари, средства добиени од ЕУ за реконструкцијата на делот од локалниот пат во с. Василево кој води од поштата до повеќенаменското игралиште.

Беше усвоена и Предлог-одлуката за доставување на предлог-проекти за користење на средства од  грантова шема во рамките на проектот „Унапредување на општинското живеење“. Конкретно станува збор за средства во висина од 26 000 евра од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кои би се искористиле за набавка на контејнери.

Донесена беше и Одлуката за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево, согласно која висината на пазарната вредност на недвижниот имот не претрпува измени и  останува иста како и досега.

По образложението дадено од претставикот на ЈПКД „Турија“,беше дадена согласност за дополнување на Одлуката за усогласување на дејностите на ЈПКД „Турија“, п.о Василево, според новиот шифрарник, согласно Националната класификација на дејностите бр. 02-182/1 од 30.03.2017 година, а која се однесува на електроинсталатерските работи. Исто така Советот даде согласност и за Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.

Направени беа и измените во Комисиите на Советот на општина Василево каде на местото на поранешниот советник Костадинка Печеникова беше именуван  Тони Малчев.

Советниците позитивно одговорија и на неколкуте барања за финансиска поддршка поднесени до Советот на општина Василево.

Дел од работата на денешната седница ја следеа  ученици од ООУ „Гоце Делчев“, Василево како дел од  наставата по предметот Граѓанско образование.

 prva

DSC_0311_1280x851 DSC_0316_1280x851 DSC_0318_1280x851 DSC_0322_1280x851 naslov

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail