Општина Василево гради тротоар во с. Градошорци

naslov

Општина Василево започна со изградба на пешачка патека- тротоар  на влезната улица во  населеното место Градошорци.  Вкупната должина изнесува околу 500 метри а ширината е околу 1,5 метри односно  варира во зависност од условите на теренот.

„Пешачката патека во овој дел  од улицата уште од поодамна е неопходност заради потребата да  ги подобриме условите во кои се одвива сообраќајот и да ја зголемиме безбедбноста  на сите учесници во сообраќајот. Оваа улица всушност е регионален пат кој ја поврзува општина Василево со општина Струмица.  Фреквенцијата на сообраќај е голема, несвојствена за локалните патишта и улица, каде   неретко сообраќаајат и тешки товарни возила. Секојдневно улицата ја користат и граѓаните како  пешаци  а и учениците на пат кон и од училиштето.  Имајќи ја предвид целокупната состојба,  а заради  зголемување на  безбедност во сообраќајот, пред се на безбедноста на пешаците и учениците,  општина Василево започна со реализација на овој проект“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Тротоарот треба да биде готов до крајот на оваа календарска година.

Средствата во висина од околу 900 000 денари општина Василево ги обезбеди од сопствениот Буџет.

Изведувач на работите е фирмата ДООЕЛ  „К.И М“ од Струмица.

1

3

5

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail