Седницата за Буџетот на општина Василево ќе се одржи во сабота

DSCN5467

Во сабота,  29.12.2018 година, со почетот во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи седумнаесетата и воедно последна седница за оваа календарска година, на чиј дневен ред ќе биде и Предлог-Буџетот на општина Василево за   2019 година. Останатите предлози по кои ќе расправаат Советниците се:

  • Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2019 година,
  • Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“ Василево за утврдување на цената за водата за пиење или водоснабдување.
  • Давање согласност на Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани отпадни води.
  • Предлог-Буџет на општина Василево за 2019 година.
  • Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2019 година.
  • Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail