Крводарителска акција во Василево

DSC_0626_1280x851

Во среда, 06.02.2019 година,  во просториите на општинската зграда во Василево , во организација на општинската организација на Црвен крст од Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка со општина Василево ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 08,30 до 14,00 часот.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело , да даруваат крв и да учествуваат во спасувањето на нечиј човечки живот.

Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Пред секое дарување на крв се врши лекарски преглед.  Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail