Заврши реконструкцијата на регионалниот пат Градашорци-Вељуса

57125762_490619081715897_6596884138169466880_n

Заврши реконструкцијата на регионалниот пат клучка Градашорци – Вељуса во делот на населеното место Градошорци, преку кој општина Василево се поврзува со соседната општина Струмица. Асфалтирани се  преостанатите 800 метри од вкупно 5,4 км долгата делница и тоа  во делот на Градашорци  – од  црквата Св. Никола до клучката со  магистралниот пат Струмица – Радовиш.

После неколкуте интервенции од страна на општината во претходните години, кога дупките се крпени и пополнувани, сигурни сме дека ова  ќе биде квалитно и долготрајно решение, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев на стартот на градежните активности кои започнаа токму на иницијатива на градоначалникот Јанев.

Реконструкцијата е извршена од страна на ЈП за државни патишта на Република Северна Македонија.

„Квалитетната патна инфраструктура, како основен предуслов за сеопшт развој во заедницата е една од нашите основни цели кон  кои се стремиме и задача која постојано е на нашата работна агенда.Секојдневно, максимално сме ангажирани и  ги користиме сите канали, начини и извори за обезбедување средства, бидејќи за нас,   за нашите населени места, за нашата општина Василево битен е секој  метар изграден пат или улица“ е ставот на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

57852464_490618971715908_4244038870884155392_n 57377392_490619121715893_8712540940339773440_n

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail