Советот на општина Василево ја одржа 22-та седница

DSC_0923_1280x851

Денес,  Советот на општина Василево ја одржа 22-та седница, на чиј дневен ред по измените и дополнувањата имаше вкупно 12 предлози и сите беа усвоени. На предлог на претседателот на Советот на општина Василево Крсте Панев,  изземени беа Предлог-Одлуката  за утврдување на приоритет на проект за набавка на Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5.5 м3  и Предлог-Одлука за земање на кредит за набавка на Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5.5 м3, за кои како што образложи претседателот на Советот, согласно насоките од Министерството за финансии  неопходни се дополнителни измени во предлог-одлуките, поради што истите ќе се најдат на дневниот ред на наредната седница. Дневниот ред беше дополнет со уште две точки за финансиска поддршка.

Советот даде согласност на актите предложени од Управниот одбор   на градинката „Прва радост“ и тоа  Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ„ Прва радост“- Василево и Правилникот за внатрешна организација на ЈОУДГ „Прва радост“, Василев како и согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување вредноста на бодот за пресметување на плата на давателите на јавни услуги и на директорот вработени во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево . Како што образложи в.д директорот на градинката Бранко Андонов, станува збор за зголемување на платата  за 16%  за сите вработени во градинката што ќе започне со исплатата на јунската плата и истото е во согласност со препораките односно Одлуката за утврдување на  максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година, донесена   од Министерството за труд и социјална политика.

Мнозинство доби и  Предлог-Програмата за енергетска ефикасност на Општина Василево за 2019 година и во тој контекст Предлог-Одлуката за прифаќање на физибилити студијата за улично осветлување во Општина Василево за 2019 година како и Предлог-Одлуката за создавање на јавно приватно партнерство за енергетски услуги и изведба за јавно осветлување на површини од јавен интерес во општина Василево.

Физибилити студијата за улично осветлување во општина Василево како и суштината и спецификите на создавањето на Јавно приватно партнерство со ЕСКО компании за енергетски услуги и изведба на јавно осветлување на површини од јавен интерес ги презентираше Здравко Стефановски, раководител на проектот на Европската банка за обнова и развој.

На седницата беа одобрени и одредени износи на финансисли средства на барателите –правни и физички лица.

DSC_0926_1280x851

DSC_0929_1280x851

DSC_0931_1280x851

DSC_0932_1280x851

DSC_0943_1280x851

DSC_0956_1280x851

DSC_0959_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail