Општина Василево обезбеди 600 000 евра за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура

naslov (1)

Со околу 600 000 евра обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, општина Василево ќе ја подобрува локалната патна инфраструктура преку реконструкција на постојнте и асфалтирање на нови патишта. Ќе се асфалтира дел од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во должина од 1 700 метри, со што овој локален пат чија вкупна должина е околу 4 000 метри ќе биде комплетно завршен. Со реконструкција ќе бидат опфатени  локалниот пат  Владевци – Сушево чија должина изнесува околу 1 900 метри, како и улицата во Василево од поштата до црквата која освен нов асфалтен слој ќе  добие и атмосферска канализација, тротоари од двете страни и ново улично осветлување.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јавнев, договорите со АФПЗРР се потпишани и на ред е распишувањето на тендерите за избор на градежни компании кои ќе ги спроведат планираните активности.

„Општина Василево успеа да обезбеди средства за реализација на три проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во висина од околу 600 000 евра односно околу  40 000 000 денари. Станува збор за проекти со кои значително ќе се подобрат условите за живот во населените места од нашата општина. Како локална самоуправа аплициравме со проекти во повеќе подмерки, истите се добиени, Договорите со АФПЗРР се потпишани и во наредниот период ќе отпочне постапката за реализацијата на овие капитални проекти, од распишување на тендер, избор на изведувач до конечна реализација на терен“, информираше градоначалникот Јанев притоа прецизирајќи дека во мерката „Развој на јавната инфраструктура во  руралните средини“ општина Василево обезбеди 15 000 000 денари за Реконструкција и ревитализација на локалниот пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1878 метри. Во мерката „Обнова и развој на селата“ обезбени се  средства во висина од 6 000 000 денари за реконструкција на улица во општинскиот центар на Василево –  улицата од пошта до црквата и  во мерката за „Зачувување на традиционалните вредности во руралните средини“ обезбедени се речиси 16 000 000 денари со кои е планирано  да се асфалтираат околу 1 700 метри од патот Чанаклија – Нова Маала.

„Договорите се потпишани и веќе пристапуваме кон постапката за реализација. Станува збор за проекти кое беа на барање на нашите граѓани за кои постоиме како општина. Со реализација на овие три проекти значително ќе ги подобриме условите за поврзување, безбедноста на учесниците во сообраќајот но и економскиот развој на нашите села што е главен приоритет за мене како градоначалник но и на општината“, нагласи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

naslov

DSC_0569_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail