Во Василево започна реконструкцијата на улицата од пошта до црква

naslov

Во населеното место Василево, локалната самоуправа  започна  реконструкцијата на улицата од поштата до црквата во должина од 216 метри, ширина на коловозната лента од 6,7 метри, со атмосферска канализација, тротоар и ново улично осветлување.

„После повеќекратни делумни интервенции правени во претходните години и  и интервентно крпење на дупките, општина Василево успеа да обезбеди средства за целосна реконструкција на оваа улица, и со тоа на граѓаните кои ја користат, да им овозможи современ и квалитетен пат  кој несомнено ќе го подобри нивното секојдневно живеење.“ изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој беше присутен на стартот на градежните активности.

„На планот на изградба на локалната патна мрежа, се следи предвидената динамика и градежните компании  кои на тендер се избрани како најповолни понудувачи, согласно потпишаните Договири,  на терен ги реализираат активностите поврзани со реконстрикција на постојните и изградба и асфалтирање на неасфалтираните улици.  Како градоначалник не отстапувам од целта  „асфалт до секој дом“, туку напротив вложувам огромна енергија и секојдневни напори  за нејзино реализирање. Во таа насока само ќе  потсетам дека во Василево следува асфалтирање на  уште три улици и тоа во должина од 100, 120 и 150 метри, за кои веќе имаме избрано градежна компанија и потпишано Договор за реализација“ изјави  Јанев.

Инаку, вкупниот Буџет за реконструкција на улицата од пошта до црква изнесува околу 4,5 милиони денари од кои 3 800 000 денари општината ги обезбеди од Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а останатите се сопствени средства.

Изведувач на работите е градежната компанија Универзал градба која согласно Договорот комплетната реконструкција треба да ја заврши во рок од три месеци.

1

15_1280x960

17_1280x960

19_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail