Дневен ред за 28-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 29.11.2019 година (петок), со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи  редовната 28-ма седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2019 година;
  2. Предлог-решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог-годишна програма за работа на Советот на општина Василево за 2020 година;
  3. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево;
  4. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат и вклопување на бесправниот објект-помошен објект на КП бр. 2/1 во КО Добрашинци вон гр.
  5. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат и вклопување на бесправниот објект-помошен објект на КП бр.1529 во КО Ангелци;
  6. Предлог-одлука за доставување на предлог на проекти за изработка на техничка документација „Градење општински капацитети за имплементација на проекти“;
  7. Предлог-одлука за утврдување на критериуми за за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2020 година;
  8. Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2020 година;
  9. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводна мрежа во општина Василево за 2020 година;
  10. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2020 година;
  11. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2020 година;
  12. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2020 година;
  13. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2020 година;
  14. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населените места во општина Василево за 2020 година;
  15. Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2019/2020 година во зимски услови;
  16. Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2020 година;
  17. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2020 година;
  18. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од зарзни болести во 2020 година;
  19. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на социјалната заштита во 2020 година;
  20. Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2020 година;
  21. Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Василево за 2020 година;
  22. Предлог-програма за уредување простор на градежно земјиште во руралните подрачја  на општина Василево за 2020 година;
  23. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2020 година;
  24. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2020 година;
  25. Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2020 година;
  26. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона на општина Василево за 2020 година:

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail