Општина Василево гради три улици во Пиперево

naslov

Локалната самоуправа Василево деновиве работи на изградба на три улици во населеното место Пиперево, кои се  планирани со годинешната Програма за изградба на локални патишта и улици.   Станува збор за улици во вкупна должина од 355 метри кои се на различни локации, и за чија изградба  општината од сопствениот Буџет обезбеди околу 1 150 000 денари.

Денес на терен беше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој по извршениот увид информираше дека се работи и на трите улици  планирани за изградба во ова населено место.  „Деновиве во Пиперево градиме три улици, кои се дел од Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2019 година. Од  планираните  вкупно 15,   досега комплетно се завршени   четири и тоа две  во  населеното место Градашорци и по една во населените места Ангелци и Седларци“. Според информацијата од градоначалникот Јанев, денес,  една од улиците  се посипувала со тампонски материјал додека  на другите се изведуваат подготвителни активности, односно расчистување  на теренот, мерење, одбележување  и рамнење.

Активностите на терен ги изведува градежната компанија „Портланд“.

Градежните активности продолжуваат да се одвиваат со предвидената динамика и во наредниот период.

10

3_1280x960

6_1280x960

8_1280x960

17_1280x960

18_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail