Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната 2020 година

naslov

Советот на општина Василево денес ја одржа редовната 28-ма седница на која ги утврди и усвои  Програмите за наредната 2020 година, кои ќе бидат инкорпорирани и реализирани во рамки на  Буџетот за наредната  година.

Деветнаесетте Предлог-програми усвоени на денешната седница се: Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки;  Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводна мрежа; Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води; Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации; Предлог-програма за локален економски развој; Предлог-програма за заедничка потрошувачка; Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација  на локалните патишта и улици; Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици; Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување; Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи; Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од зарзни болести; Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на социјалната заштита; Предлог-програма за третирање на животните бездомници; Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежно земјиште; Предлог-програма за уредување простор  на градежно земјиште во руралните подрачја; Предлог-програма за изработка на урбанистички планови; Предлог-програма за комунални дејности; Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици и  Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона.

За изготвување  пак на  Предлог- Програмата за работа на Советот  на општина Василево за наредната година,  денес беше формирана  Комисија,   која во наредните денови треба да го подготви Предлогот, кој ќе биде разгледан на наредната седница.

На дневен ред  на денешната седница беа и неколку Предлог-одлуки кои го добија потребното мнозинство и беа усвоени од страна на Советот. Станува збор за   Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево  за 2019 година,  Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево,  Предлог-одлука за доставување на предлог на проекти за изработка на техничка документација „Градење општински капацитети за имплементација на проекти,  Предлог-одлука за утврдување на критериуми за  распределба на блок дотацијата за основното образование за 2020  година како и две

Предлог-одлуки  за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на плански опфат и вклопување на бесправно изградени објекти и тоа на  КП бр. 2/1 во КО Добрашинци вон гр. и на на КП бр.1529 во КО Ангелци.

Обемниот дневен ред, на предлог на претседателот на Советот Крсте Панев, беше дополнет  со уште една точка, односно  Предлог-одлука за определување на висината на месечниот надоместок на советниците за присуство на седниците на Советот на општина Василево,  со која всушност  советниците си го зголемија месечниот надоместок и истиот ќе изнесува  50% од просечно исплатената плата во државата. Предлогот беше едногласно усвоен од страна на сите советници  и оваа одлука ќе се применува од 01.01.2020 година.

DSC_0879_1280x851

DSC_0889_1280x851

DSC_0893_1280x851

DSC_0904_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail