Улицата во Василево од пошта до црква подготвена за асфалт

DSC_0041_1280x851

Во населеното место Василево, улицата што од поштата води кон  црквата е во завршна фаза. Градежната компанија ангажирана од општина Василево, работи на поставување на прв асфалтен слој и подготовка за финалниот слој, со што оваа улица , до неодамна раскопана, и многупати пред тоа крпена, ќе биде едно современо и квалитетно сообраќајно решение во овој дел од населеното место Василево.

„Веднаш по завршувањето на првиот слој, во текот на наредната недела ќе биде поставен и финалниот слој асфалт, по што до целосно завршување на сите планирани активности останува уште поставувањето на канделабрите, како современо осветлување кои освен функационален имаат и естетски ефект“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, во врска со текот и динамиката на активностите на оваа улица.

„Инаку улицата е со атмосферска канализација, која е веќе поставена исто како и подземната електрична инсталација а изградени се и тротоарите од двете страни кои обезбедуваат сигурно движење на пешаците, нагласи градоначалникот Јанев.

Должината на  улицата  е 216 метри, ширината 5 метри, со тоа што на  просторот кај црквата има значително проширување, па поради тоа  асфалтираната површина е проектирана на околку 1 600  м2.

Буџетот изнесува околу 4,5 милиони денари од кои околу 3 800 000 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој а останатите се општински средства.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Универзал градба.

DSC_0049_1280x851

DSC_0043_1280x851

DSC_0044_1280x851

DSC_0046_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail