Исплатени штетите на земјоделците предизвикани од невремето во јуни 2019

steti1

Општина Василево денес изврши уплата на средства на земјоделците од населените места  Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, кои претрпеа штети од невремето што го зафати  овој крај во јуни 2019 година. На сметките на 1 правно и 121 физичко лице, кои имаа пријавено и утврдено штета,  уплатени се 3.741.450 денари ( три милиони седумстотини четириесет и една илјада и четиристотини педесет денари).

На седницата на Владата на Република Северна Македонија одржана на 10 февруари 2020 година донесена  е Одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. Со оваа Одлука на Општина Василево и се доделени финансиски средства во висина од 3.741.450 денари. Овие средства се наменети како парична помош на Општина Василево, согласно Информацијата на Комисијата за проценки и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди и Извадокот од Нацрт-записникот од Седмата седница на Владата на РСМ одржана на 10 февруари 2020 година.

Денес уплатените средства, граѓаните  може да ги очекуваат на своите сметки во  понеделник после 14.00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail