Известување за земјоделците

Движење за први мај

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги известува земјоделците, кои не се евидентирани во ЕРЗС, за правилата на движење поврзани со потребите за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своето населено место, за време на викендот во периодот додека трае забраната за движење и тоа:

петок 01 мај од 14:00 часот до 05:00 часот наредниот ден,

сабота 02 мај од 14:00 часот до 05:00 часот наредниот ден,

недела 03 мај од 14:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Оваа категорија граѓани (земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства- ЕРЗС),  исклучиво за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места, потребно е телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење за време на викендот, неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот . При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Митко Јанев. 071/874-769
-Верче Миткова. 071/631-048
-Павлинка Николова. 077/543-814
-Наско Глигоров. 078/810-312
-Бранко Андонов 071/205/117
-Симона Стојанова. 077/931/587
-Горан Андонов. 071/239/344

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail