Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, Василево

DSC_0058_1280x851

Денес, по повод патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, делегации од училиштето и локалната самоуправа,  положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор.

Одбележувањето  на 117 годишнината од смртта на Делчев, беше согласно актуелната  остојба со Коронавирусот  (COVID-19), поради што изостана традиционалниот начин на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија.

Неговата мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, и денес ја има истата големина,  значење  и моќ, како и тогаш, пред повеќе од сто години притоа  обврзувајќи ги неговите потомци, сегашните генерации, на мудри одлуки и решенија.

Споменот за неговото дело останува вечен и затоа  вечна му слава на херојот Гоце Делчев.

DSC_0068_1280x851

DSC_0058_1280x851

DSC_0061_1280x851

DSC_0064_1280x851

DSC_0066_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail