Викендов се скратува забраната за движење

09.05. 2020

На последната седница Владата на РС Македонија   донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на овој викенд.

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Почитувајќи ги препораките се грижиме за нашето и за здравјето на сите граѓани.

Движење, 09.05. 2020

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail