Пожар кај Ташли Баир, во близина на село Едрениково

naslov

Денес, во атарот на населеното место Едрениково во близина на Ташли Баир и филтер станицата за вода за регионалниот водовод Василево, Ангелци Градашорци, избувна пожар кој брзо се прошири кон соседното село Владевци. Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој цело време беше присутен на лице место, упати апел до граѓаните за крајно внимателно и одговорно однесување но и најави дека ќе бара целосно расчистување на случајот и соодветна казна за предизвикувачот.

„Денес во попладневните часови , кај Ташли Баир, во близина на населеното место Едрениково на неколку места избувна пожар, кој и покрај напорите на противпожарните екипи кои цело време се на терен сеуште не е ставен под контрола и е раширен кон атарот на Владевци. Гори сувата трева и нискостеблестата шума над населеното место Владевци кон атарот на Струмичко Поле. Пред извесно време огнот беше префрлен кај магистралниот патен правец Струмица – Радовиш во непосредна близина на населеното место Владевци, па за регулирње на сообраќајот беше вклучена и полицијата. Во овој специфичен момент како градоначалник на општина Василево кој цело време е заедно со ТППЕ Струмица, единствено ќе кажам дека штетите од несовесното однесување на поединци ќе ги трпиме сите. Јавната осуда за овој чин не е доволна и затоа ќе инсистирам на целосно расчистување на случајот и соодветна казна за сторителите. Апелирам до сите да се однесуваат крајно одговорно, бидејќи последиците можат да бидат несогледливи не само по имотите на граѓаните туку да бидат загрозени и човечки животи, нешто што никој од нас не сака да се случи“, порача градоначалникот на општина Василево, Марјан  Јанев.

pozar 1

pozar 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail