Се асфалтира последниот дел од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

naslov

Градежната компанија Енергоинвест трејд, чија понуда беше најповолна на повторениот јавен повик, започна со асфалтирање на локалниот пат Чанаклија –Нова Маала  во должина од 1700 метри

„Започна асфалтирањето на последните 1700 метри од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала, со што комплетно ќе заврши изградбата на овој четирикилометарски локален пат а со тоа и поврзувањето со асфалт на жителите од овие две населени места“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој беше на лице место на стартот на активностите.

Изградбата на овој локален пат кој требаше да се реализира минатата година,  како што информираше  градоначалникот Јанев  во неговата објава на социјалните мрежи „беше пролонгирана заради избор на нов изведувач  односно градежна компанија и состојбата со Covid-19“.

Според Договорот со фирмата изведувач, вкупниот Буџет за оваа инвестиција изнесува околу 12 000 000 денари и истите се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

2

3

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail