Заврши изградбата на каналот во с. Градашорци

7

„Уште еден капитален проект е успешно реализиран. Речното корито односно каналот во делот кој минува низ опфатот на населеното место Градашорци, во должина од  680 метри е целосно уреден. Коритото се обложи со камен  а за премостување се изградени армирани плочести пропусти, односно мостови“. Со реализацијата на овој проект се реши проблемот со поплавување на домаќинствата и објектите, како и оштетувањето на постојниот асфалт покрај релното корито“,   информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Каналот ги прифаќа атмосферските води кои за време на врнежи, ги поплавуваа домовите, објектите, дворовите, имотите,  патната инфраструктура….притоа предизвикувајќи огромни штети со далекусежни последици, за чие санирање беа неопходни средства, кои општината и граѓаните не беа во можност самите да ги обезбедат, поради што редовно се бараше  помош од институциите на централната власт.

Проектот е реализаиран во соработка со  Владата на РСМакедонија. Вкупниот Буџет согласно Договорот  со фирмата Жикол, која ги изведуваше градежните работи на терен,  изнесува околу 7 800 000 денари, од кои околу 6 500 000 денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година, а остатокот се средства од општинскиот Буџет.

2

4

6

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail