Две седници во ист ден, редовна и свечена, одржа Советот на општина Василево

наслов

Денес Советот на општина Василево одржа две седници: Редовната 38-ма  и веднаш по неа Свечената за одбележување на 26-годишнината од одржувањето на Првата, (Конститутивна) Седница и оснивањето на општина Василево.

Двата предлози од дневниот ред на 38-та седница:  Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево и Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2020 година, го добија потребното мнозинство. По Барање на РЦУК, Подрачно одделение Струмица, општина Василево треба да започне активности за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево од сите ризици.  Како редовна обврска, општина Василево оваа активност треба да ја заврши во текот на првиот квартал од наредната година.

Одлуката што советниците ја донесоа за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево се однесува на Програмата N10 Основно образование, каде се врши пренамена на дел од средствата од една во друга ставка.

Веднаш по завршувањето на редовната Седница, започна Свечената за одбележување на 24-годишнината од оснивањето на општина Василево, на која свои обраќања имаа преседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев и градоначалникот  Марјан Јанев.

DSC_0328_1024x681

DSC_0327_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail