Започна изградбата на атмосферска канализација во с. Василево

1

Општина Василево започна со изградба на атмосферска канализација во населеното место Василево, на потегот од повеќенаменското игралиште до река Водочница односно до објектот на 11 Септември. Вкупната должина изнесува 956 метри, а буџетот, согласно Договорот со компанијата која ги изведува градежните активности на терен изнесува околу 4 400 000 денари, средства обезбедени од сопствени извори на приходи на општината.

Изведувач на градежните активности е компанијата Евроградба  од Владевци. Во текот на периодот на градба,  поради природата  на активностите и локацијата на трасата, а заради непречено одвивање на градежните активности, ќе се врши пренасочување на сообраќајот.

Имајќи го предвид крајниот бенефит од  реализацијата на овој проект за целокупното население на Василево а посебно на жителите кои живеат во овој дел  од селото, како  и влијанието врз животната средина во глобала, општина Василево како инвеститор очекува фер однос и разбирање од страна на засегнатите учесници во сообраќајот за цело време додека трае неговата реализација.

Согласно Договорот со изведувачот, периодот на изградба е 120 дена.

2

Kanal, povekenamensko igraliste - 11Septemvri

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail