Велигденска честитка

FVG_3932_1_1280x853

Почитувани сограѓани, припадници на христијанската вероисповед

Од мое лично име и од име на општина Василево Ви го честитам  најголемиот христијански празник, празникот на човековата верба во животот, празникот на новото раѓање, празникот на победата на животот над смртта,  празникот на Христовото воскресение – Велигден.

И оваа година, исто како и минатата, поради злото кое се надвиснало над сите нас, чумата на овој век, Коронавирусот, Covid-19, наша обврска е  да празнуваме одговорно, почитувајќи ги правилата и протоколите утврдени од надлежните институции.

Овој невидлив непријател однесе премногу човечки животи. Затоа,  за нас, за нашите најблиски, за роднините, пријателите, за семејствата- да бидеме одговорни. Славејќи го празникот, да го славиме животот. Да покажеме почит едни кон други,   да  си дадеме шанса за иднината и предизвиците кои не очекуваат.

Здравјето е клуч за нашата среќа и услов за сеопшт развој.  Здрави луѓе, здрави семејства, здрава и просперитетна заедница.

Почитувани мои сограѓани, на сите Вас, искрено и од се срце Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје и заедно со Вашите најблиски да им се радувате на благодетите на животот.

Имајте мирни и спокојни празнични денови.
ХристосВоскресна – НавистинаВоскресна

 

Со почит,
Ваш градоначалник,
Марјан Јанев
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail