Советот на општина Василево ја одржа четириесет и четвртата седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 44-та седница, и ги усвои сите предлози од дневниот ред, кој по дополнувањето со четири нови предлози, имаше вкупно 18 точки.

Без дискусии и забелешки усвоени беа Завршните сметки за 2020 година на двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“, Нова Маала и „ Гоце Делчев“, Василево. Потребното мнозинство го добија и Кварталните извештаи  на општина Василево за првото тромесечие од оваа година, односно Квартален извештај за извршувањето на Буџетот (К-1), Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Квартален извештај за промена на состојбите на задолжување на општина Василево (К-3), сите за пресметковниот период од 01.01.2021 до 31.03.2021 година, кои беа презентирани од страна  на раководителот на одделението за финансии, Ристо Михаилов. Реализацијата кај консолидираниот Буџет (Буџетот на општина Василево заедно со буџетите на единките корисници, двете основни општински улилишта и детската градинка) изнесува 22,74%, а кај основниот буџет, односно буџетот само на општина Василево, реализацијата е 22,51 %. Реализацијата кај блок дотациите е 23,91 %, кај самофинансирачките активности 6,38%, а што се однесува до ставката донации,  нема планирани средства.  Реализацијата во приходниот дел е следна: 19,59% во делот на даночните приходи, 33,41% реализација кај неданочните приходи, 32% реализација кај капиталните приходи и 28,64% реализација  кај трансферите и донациите.

Во расходниот дел, реализацијата во првиот квартал е 22,51% или по ставки:  22,78% кај платите и надоместоците; 10,26% кај стоките и услугите; 2,95 кај субвенциите и трансферите и  12,23% кај социјалните бенефиции. Во категоријата лапитални расходи, реализацијата е  29,11% .

Ненамирените обврски во пресметковниот период  (01.01.2021-31.03.2021)  изнесуваат 71 804 887 денари. Што се однесува до долгот по основ на кредитно задолжување, односно кредитот за водоводот во Чанаклија и кредитот за изградба на улицата во Пиперево, не се спроведуваат со предвидената динамика, односно во пресметковниот период обврската по овој основ изнесува 3 832 618 денари.

На дневен ред на денешната седница беа и два предлози од ЈПКД „Турија“, Василево и тоа Финансискиот извештај  за првото тромесечие и  Одлука за задолжително вклучување на домаќинствата во организирано собирање на отпад во населените места Дукатино и Радичево. И двата предлога добија зелено светло од советниците.

Советниците донесоа и Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња. Претпријатието ќе  биде заедничко за десетте општини од Југоисточниот плански регион: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Разгледани и усвоени беа и Извештајот за работата и Извештајот за спроведување на Програмата за работа на Југоисточниот плански регион за 2020 година;

Согласност доби и  Одлуката      за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2021 год.

Советниците дадоа согласност и за сопствено учество на општина Василево во реализацијата на два проекти: основен проект за реконструкција, санација и адаптација на постоен објект Дом на култура и основен проект за реконструкција на улица од црква Пресвета Богородица до ООУ„Гоце Деллев“, Василево.

Одобрени беа и неколкуте барање за финансиска поддршка поднесени од правни и физички лица.

DSC_0468_1280x851

DSC_0469_1280x851

DSC_0475_1280x851

DSC_0476_1280x851

DSC_0480_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail