ЈПКД „Турија“ Василево го чисти поројот во с. Сушево

15_720x960

ЈПКД „Турија“, Василево во соработка со општина Василево деновиве го чисти речното корито во населеното место Сушево односно поројот кој минува низ самото населено место и го дели на два дела. Се отстранува наталожениот материјал и  диво израснатата  вегетација.

Според информацијата од директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓорѓиев,  ќе биде исчистено целото корито, почнувајќи од влезот на населеното место, па до крајот кој изнесува околу 1200 метри. „Чистењето се врши со механизацијата на ЈПКД „Турија“, се отстранува наносниот материјал, како песок, чакал и  вегетацијата, главно трева и грмушки израснати во самото корито. Со тоа ќе се обезбеди нормална апсорпција и непречено течење на водата во секави временски услови со што би било спречено излевање и предизвикување штети дури и во услови на обилни и поројни врнежи“, информираше директорот Ѓорѓиев.

Временски, според информациите од директорт , планирано е оваа активност да заврши до крајот на оваа седмица, по што, комуналното претпријатие ќе продолжи со чистење на каналите и во другите населени места во општината.

Во изминатиот период маханизацијата на  „ЈПКД Турија“, била ангажирана на чистење на пороите во населените места Пиперево, Василево и Градашорци.

7_720x960

1

13_1280x960

2

22_1280x720

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail