Привршува изградбата на повеќенаменското игралиште во с.Нова Маала

naslov

Општина Василево, односно градежната компанија Универзал Градба,   ДООЕЛ Струмица која на трендерот понуди најповолна понуда, тековно работи на изградба на повеќенаменското игралиште во населено место Нова Маала.  Истото е планирано со Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2021 година.

Согласно документацијата игралиштето ќе биде оградено, опремено со кошеви и стативи и осветлено, со  што ќе има иуслови за  играње на  повеќе видови спортови.

Вкупниот Буџет за изградба на ова игралиште изнесува околу 3000 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, игралиштето треба да е готово до крајот на овој месец.

1

2

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail