Дневен ред за четириесет и осмата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

Советот на општина Василево, на ден 31.08.2021 година (вторник) со почеток во 12,00 часот, во просториите на Спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“, Василево,  ќе ја одржи 48-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Донесување на Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2022 година на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  2. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за прием на повеќе или помалку деца во група;
  3. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на Комисија за прием на деца во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиски критериуми за прием на деца;
  4. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  5. Годишен извештај за работа на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2020 – 2021 година;
  6. Годишна програма за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2021- 2022 година;
  7. Донесување на Одлука за давање согласност на Годишен план  за вработување за 2022 година на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала;
  8. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево, за воспитна 2020-2021 година;
  9. Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево, за учебната 2021/2022 година;
  10. Донесување на Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2022 година на ЈПКД „Турија“, Василево;
  11. Предлог-одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за Локални избори 2021 година со обезбедени еднакви услови на сите организатори на изборната кампања во општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Спортската сала при ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail