Градоначалникот Марјан Јанев, на првачињата им посака среќен почеток

2

Првачињата од двете основни општински училишта и подрачните во нивниот состав, за прв пат седнаа во училишните клупи. По тој повод градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, им упати честитка со желби за среќен почеток.

„Први септември е посебен за сите учесници во образовниот процес, но единствен и незаборавен за првачињата, кои денес за прв пат како вистински ученици влегуват во училишниот двор. Во деновите и годините што ќе следуваат ќе стекнете многу знаење и вештини кои ќе ви помогнат да ги правите вистинските избори и да чекорите сигурно по патот што ќе го изберете. Ваше е да учите, максимално да се трудите но и меѓусебно да се дружите, а ние возрасните, вашите наставници и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме овде за да ви помогнеме, да ве поддржиме и да створиме подобри услови во кои ќе се одвива вашето секојдневие.

​​Ви посакувам, успешно да ги реализирате ваши желби и сите до една да ги претворите во реалност, да израснете во здрави и способни личности, одговорни за своите постапки, кои на чесен начин ќе одат напред во животот.

За крај ја оставив најголемата желба, да сте ми сите здрави, среќни и весели и токму овде, во вашето училиште со другарчињата и наставниците да ги доживеете најубавите мигови од вашето детство.

Со среќа драги првачиња!, им порача градоначалникот Јанев.

Приемот на првачињата и стартот на новата уќчебна година за сите ученици беше во согласност со протоколите за заштита од Covid-19.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail