Успешно локализиран пожар

наслов

Успешно е локализиран пожарот кој започна на 16.08.2021 година во м.в. „Долно Безгаштево“, општина Берово и се прошири до м.в. „Калинска присоја“ и м.в. „Темна река“ во реонот на општина Василево, информира градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев преку ФБ страната на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan

„Благодарение на временските услови односно дождот кој заврна во текот на синоќешните часови самиот пожар стивна, во спротивно во текот на денешниот ден беше договорено дејство на два армиски хелихоптери“, информира Јанев кој упати јавна благодарност до сите вклучени во гасненењето на пожарот: „Особена благодарност до сите служби што учествуваа во гаснењето на пожарот и успешно го отсекоа и локализираа истиот : ТППЕ Струмица, СВР Струмица, ЈП Национални Шуми, ДСЗ, ЛД Фазан Василево“.

7

1

4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail